МВР со детали за инцидентот во кој е ранет синот на пратеникот Адеми

МВР објави детали од инцидентот што се слуил вчера во Тетово, а во кој беше ранет синот на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми.

-На 30.7.2019 околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на Б.Д.(47), на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле А.Б.(27)од Мала Речица и Ф.А.(26) од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави