Search

Средба на министерот Исмаили со амбасадорот на Иран

Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран, Хусеин Карими.

На средбата, Исмаили и Карими разговараа за досегашната и за идната  соработка во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Иран, која се реализира врз основа на Спогодбата потпишана меѓу владите на двете земји, како и врз основа на потпишаната Програма за имплементација на културната и уметничката соработка меѓу министерствата на двете земји за периодот до 2021 година.

Соговорниците се согласија дека двете земји имаат добра основа за конкретна соработка меѓу институциите од областа на културата, но и за размена на уметници кои би гостувале на значајни меѓународни фестивали во нашата земја и во Иран. Беше разгледана и можноста за реализација на покомплексно претставување на македонската култура во Иран, како Денови на македонскиот филм во Иран, и на реципрочна основа, Денови на иранскиот филм во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави