Search

Новинар од „1ТВ“ се пријавил да даде исказ за „Рекет“

Еден новинар од „1ТВ“ телевизијата се пријавил да даде исказ во Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, објави телевизијата „Телма“.

Новинарите на „1ТВ“ се на принуден одмор до 15 август, а во средата беше емитувано последното издание на Централниот дневник.

Од ОЈО вчера информираа дека во врска со истрагата за„Рекет“ изјава дале градоначалникот на општина Карпош и градоначалничката на општина Битола.

Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

Треба да знаете
Последни објави