Search

Eл Чека му се закани со одмазда на Али Ахмети

Најновите закани доаѓаат по инцидентот во кој, наводно, функционер на ДУИ го нападнал братот на Ел Чека, Блерим Ахмети..

 

Ел Чека му најави одмазда на Али Ахмети, по денешниот инцидент на плоштадот Скендербег, што се случи пред да започне протестниот марш против ДУИ, предводен од братот и роднините на Ел Чека,  се случи инцидент. Според мајката на Ел Чека, функционер на ДУИ го нападнал братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, а таа самата беше покриена со крв, иако не се знае со каков предмет е удрена во моментот кога интервенирала во одбрана на својот син.

Заканувачки Фејсбук пост на Ел Чека, 26/7/2019

„Заблагодарете му се на Господ што не бев таму, бидејки тоа од 2010-та ќе се повтореше врз униформите излеани со албанска крв од полицијата на Али Антич, Груевски и Заевич.

Нема мир со вас, останете подготвени да ви ја гледаме силата колку ке ве изджи. Али кажи им на внуците и твојот син дека ќе ги потсетам пак на 2008-та, и тоа брзо“ – напиша Ел Чека.

 

Треба да знаете
Последни објави