Search

Во воздушните напади во Сирија во последните 10 дена загинале над 100 лица, тврди ОН

СВЕТВо воздушните напади во Сирија во последните 10 дена загинале над 100 лица, тврди ОНОбјавено пред 43 минути – 26 јули, 2019Од Макфакс

Воздушните напади на сириската влада и нејзините сојузници врз училиштата, болниците, пазарите и пекарниците во изминатите 10 дена усмртиле најмалку 103 цивили, вклучително и 26 деца, изјави во петокот шефицата за човекови права на Обединетите нации, Мишел Башеле.

„Ова се цивилни објекти и се чини дека е малку веројатно, со оглед на постојаната шема на такви напади, дека тие биле случајно погодени“, рече Башеле додавајќи дека зголемениот број жртви се прима со очигледна меѓународна рамнодушност.

Владата ја почна својата офанзива против бунтовничката енклава во северозападна Сирија кон крајот на април велејќи дека тоа е реакција на прекршување на примирјето од страна на бунтовниците.

Во изминатите три месеци офанзивата протера стотици илјади луѓе од своите домови или привремени престојувалишта, кои бараат засолниште во близина на границата со Турција, а стотици цивили исто така загинаа, истакнуваат групите за мониторинг на војната.

И сириската влада и нејзиниот руски сојузник негираат дека нивните напади се насочени кон цивили или цивилна инфраструктура.

Треба да знаете
Последни објави