Search

Во Азербејџан спасени девет лица од ирански товарен брод

Азербејџанската поморска агенција денеска соопшти дека спасила девет лица од ирански товарен брод, што потона во Касписко Море.

Во близина на пристаништето Ленкоран од иранскиот брод била истрелана сигнална ракета, по што се испратени два хеликоптери и еден патролен чамец на азербејџанската погранична полиција, кои до брегот ги пренеле членовите на екипажот.

Не е соопштено што превезувал товарниот брод ниту кој била негова крајна дестинација.

Треба да знаете
Последни објави