Search

Добила ладен помфрит во МекДонадлс па извадила пиштол

Жена во понеделникот е уапсена откако извадила пиштол и пукала во ресторанот на МекДоналдс, поради тоа што добила ладен помфрит. Оваа драма се случила во Гарден Сити, Џорџија, во САД.

Менаџерот на ресторанот тврди дека жената дошла во ресторанот, порачала , платила и си заминала а потоа се вратила да се жали дека помфритот бил ладен и извадила пиштол.

Откако го извадила пиштолот, вработените во ресторанот се упатиле кон кујната за на жената да и направат свежа нарачка, но таа ги следела до таму и испукала еден куршум  во подот. Потоа и било понудено да и бидат вратени парите поради пропустот со помфритот, таа прифатила, ги зела парите и си заминала.

Подоцна од ресторанот го пријавиле случајот во полиција, набрзо полицијата ја лоцирала жената која го предизвикала инцидентот и била уапсена без да пружи отпор.

Помфритот бил ладен па жената се претворила во Бин Ладен.

Треба да знаете
Последни објави