Search

Гореше покрив во „Идризово“, опожарен автомобил во Гази Баба и стан во Ѓорче

Ноќеска и вчера во Скопје биле пријавени пожари во КПУ„Идризвово“, на втомобил и куќа, информираше МВР.

-На 22.07.2019 во 09.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, во делот на бањата, настанал пожар во кој била зафатена кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен, велат од МВР.

Скопјанецот Ј.С., пак, утрово пријвил дека на улицата Вамбел во Гази Баба изгорел неговиот автомобил „опел корса“. Пожар имало и во Ѓорче Петров.

-На 23.07.2019 во 02.40 часот во СВР Скопје, И.З.(44) од с.Дурфулија-Лозово, пријавил пожар во домот каде што времено престојува на ул. „Борис Сарафов“ во Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави