Search

Мекензи: САД најверојатно соборија два дрона на Иран

Командантот на американската централна команда генерал Кенет Мекензи изјави денеска дека САД најверојатно собориле два ирански дрона минатата недела во Ормускиот залив.

– Уверени сме дека соборивме еден дрон, а можеби сме го собориле и вториот. Како и обично, во прашање е сложена тактичка ситуација, ние веруваме дека биле два дрона. Веруваме дека кај два дрона дејствувавме успешно, а можно е да имало и повеќе, изјави Мекензи за Си-Би-Ес њус.

Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи на 19 јули демантираше дека Иран изгубил беспилотно летало во Ормускиот залив, по што САД соопштија дека брод на американската морнарица „уништил” ирански дрон.

Треба да знаете
Последни објави