Search

Зеленски понуди сојуз на рок ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите според излезните анкети, рекол дека приоритет му е да ја заврши војната на истоткот и борбата против корупцијата, па на преговори ја повика партијата на рок ѕвезда – „Глас“.

„Му благодариме на украинскиот народ на поддршката..Нема да ја издадеме Украина“ рекол Зеленски.

Според анкетите, четири партии би требало да го поминат изборниот праг од 5 отсто од потребните гласови за влез во парламентот, открива козорциумот „Ефзит пул национал“, кој опфаќа три институти.

Тоа се проруската Опозициска платформа со 11,5 отсто, која ја следат три прозападни партии: Европската солидарност на поранешниот претседател Петро Порошенко со 8,9 отсто, Татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко и партијата Глас, која ја предводи рок ѕвездата Светослав Вакарчук. Токму таа партија, Зеленски ја повика на преговори.

Треба да знаете
Последни објави