Search

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден (77) кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020 година, има подготвено одговор доколку американскиот претседател Доналд Трамп (73) се потсмева на неговите години или ја доведе во прашање неговата ментална состојба за време на дебатата за изборите. Во тој случај, Бајден ќе го предизвика Трамп да прават склекови на сцена.

„Вашингтон пост“ наведува дека Бајден овие планови ги открил за време на гостување во утринска програма на телевизијата МСНБЦ кога му било поставено прашање дали е доволно силен да му се спротивстави на Трамп, откако остави слабиот впечаток по првата дебата на Демократската партија за избор на партиски кандидат.

Запрашан што ќе направи доколку Трамп ги спомене неговите години или ментална состојба, Бајден одговори: ,,Ќе му речам, ајде Доналде, колку склекови ќе направиш овде, другар? Мислам, на шега… Ајде, трчај покрај мене”, рече Бајден.

Треба да знаете
Последни објави