Search

„Црвена јабука“ в сабота во Градски парк

Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ в сабота со почеток во 22 часот ќе одржи концерт на Школка во Градски парк во рамки на манифестацијата „Самерленд“, која ќе трае до 28 јули.

Вечерва од 19:30 со „Готвиме со Бранко“ ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат ќе може да донесат оброци. Од 21, The music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.

В сабота преку ден е предвидена детска програма. Од 17 влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18 посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо-парк“, возејќи се на вовче.

Вечерта од 22 на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

В недела на Школка од 19 часот децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО-азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена ќе настапи рокенрол-бендот  „Културно-уметнички работници“.

Треба да знаете
Последни објави