Search

Акција во Сараево за префрлање на мигрантите од јавни простори во прифатни центри

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево во соработка со Службата за работи со странци на подрачјето на  Сараево вечерва спроведуваат голема акција за лоцирање на мигрантите, нивно евидентирање и превезување до соодветни сместувачки капацитети.

Акцијата почна пред железничката и автобуската станица од каде мигрантите беа префрлени во прифатните центри.

– Приливот на мигранти е неконтролиран и нивниот престој на отворено, на јавни простори, но и во импровизирани сместувачки капацитети кои не се предвидени за таква намена може да влијае на безбедносната состојба во Кантонот Сараево, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Сувада Кулдија.

Сите мигранти ќе бидат евидентирани, фотографирани, а ќе им бидат земени и биометриски податоци.

Полициските активности ќе продолжат со детална проверка на улиците, парковите, трговските центри и други јавни простори и напуштени објекти.

Треба да знаете
Последни објави