Search

Елмас утре потпишува за Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска или утре ќе се јави на медицински прегледи во Наполи, тврдат италијанските медиуми. Според неофицијалните информации, Елмас ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона, а ќе потпише петгодишен договор со Наполи.

Италијанците пренесуваат дека Наполи ќе му плати на Фенербахче 15 милиони евра за трансферот, плус уште неколку милиони во бонуси, зависно од бројот на настапи и игрите на нашиот репрезентативец.

Елмас се советувал и со Горан Пандев околу градот Неапол, а капитенот на македонската репрезентација со пофални зборови раскажувал за капацитетите и талентот на македонскиот талент, а таткото на Елиф и менаџерот Фаљи Рамадани кој е посредник во трансферот веќе имале неколку разговори со раководството на Наполи.

Елмас уште пред почетокот на летниот преоден рок се поврзуваше со неколку елитни европски клубови, медиумите пишуваа за интересот на Тотенхем, Интер, Лацио, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

 

Треба да знаете
Последни објави