Search

Драма во Хратска: Убиена социјална работничка, ранет нејзин колега

Специјалната полиција го уапсила Андреј Дрежњак(60) осомничен дека ја убил социјалната работничка Блаженка П.(50) и тешко го ранил нејзиниот колега, правник Иван П.(35) денеска во Центарот за социјални работи во Ѓаково, Хрватска.

Потрагата по убиецот завршила околу 20 часот, осум часа по убиството. Убиецот откао ги застрелал жртвите избегал со велосипед и се криел во штала во близина на градот.

Според очевидци, Дрежњак бил долгогодишен постетител на центарот, кој важел за проблематична, нестабилна и насилна личност. Токму Блаженка П. била неговиот социјален работник и, според нејзините колеги, единствениот човек кој искрено и внимателно се грижел за него и за неговите права.

“Дојдов да предадам некои документи“, наводно му кажал убиецот на чуварот на влезот во зградата каде што е сместен Центарот за социјална работа во Ѓаково. Потоа влегол во канцеларијата на Блаженка и ја застрелал со неколку истрели од пиштол. На излегување од канцеларијата пукал и во Иван П., кој имал канцеларија од спротива и излегол да види што се случува.

Се претпоставува дека мотив за убиството е висината на социјалната помош која ја примал убиецот.

Треба да знаете
Последни објави