Search

Власта тврди дека работи на решавање на проблемот со долговите во „АД Водостопанство“

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија во врска со доцнењето на платите во „АД Водостопанство“ вели дека Власта работи на решавање на проблемот и коментира дека лошото организациско менаџирање поставено од ВМРО-ДПМНЕ е причина за лошата состојба и долговите на АД Водостопанство.

„Наспроти игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон АД Водостопанство и нивната единствена ориентација кон криминал, провизии и богатеење, СДСМ го решава наследениот проблем. Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство и надлежните институции го препозна проблемот и интензивно се работи на реорганизирање и консолидирање на АД Водостопанство, се со цел наводнувањето на површините низ цела држава да се одвива непречено. Владата предводена од СДСМ продолжува со решавање на наследените и натрупани проблеми оставени од ВМРО –ДПМНЕ и интезивно работи на подобрување на условите и можностите за работа на земјоделците и вработените во овој сектор“, велат од СДСМ.

Претходно, опозицијата побара одговорност за случајот со акционерското друштво, бидејќи платите за вработените доцнат веќе два месеци.

Треба да знаете
Последни објави