Search

Уапсен крадец кој ограбил автомобил во Ново Лисиче

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против Н.Ш.(31) од Скопје, осомничен  за тешка кражба.

Според полицијата кражбата била извршена на 25 јуни во времето од 15.30 до 16.45 часот на паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче. Крадецот насилно отворил автомобил „голф“ со со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.М., и одзел торба со лични предмети и спортска опрема, по што побегнал.

Полицијата вчера го уапсила Н.Ш. и тој го признал делото.

Треба да знаете
Последни објави