Search

СВР Скопје: Казнети 46 возачи за брзо возење, казни и за мотоциклисти

Изминатото деноноќие одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење. Притоа, сторени се вкупно 46 прекршоци од страна на возачи на моторни возила. Откриени се и 72 останати прекршоци при што издадени се 52 прекршочни платни налози и 20 мандатни платни налози.

Во периодот од 19 до часот вчера до 1 часот утрово спроведена е акциска контрола за прекршоци од возачи на мотори.

Откриение се 36 прекршоци од возачи на мотори и на сите им се издадени прекршочни платни налози.Откриени се и 44 останати прекршоци за кои се издадени 18 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.

Треба да знаете
Последни објави