Search

М6 на Јаневски: Не успеавме со БИП, но не се повлекуваме од Србија

Српските медиуми објавуваат дека менаџментот на М6, компанијата на Свето Јаневски го известиле БИП дека одлучиле да ја прекинат деловната соработка. М6 стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП) во 2017 година кога беше објавено дека ја закупува за 912.000 евра годишно.

„Верувавме во можностите за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме во обнова пред две години. Се обидовме да направике нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која повеќе од 180 години претставува симбол на Белград. За жал, и покрај големите месечни вложувања, посветеноста и ентузијазмот, не успеавме, бидејќи со овој модел нема можност за успех. Ова не значи дека ќе се повлечеме, затоа што на Белград му треба пиво. Ќе продолжиме во поинаква насока, со друг концепт. Можно е да се почне со вложувања во иднина со нови проекти во Србија. Се заблагодаруваме на сите субјекти, потврдувајќи дека се завршуваат сите обврски кон вработените и сите доверители“, изјавуваат од „М6 Еден Срб“.

На работниците во производството им бил даден отказ, а она што ќе биде со другите се уште е неизвесно.

Треба да знаете
Последни објави