Search

Договор за електронска размена на податоци меѓу ФПИО и Заводот за пензиско и инвалидско осигурување на БиХ

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Шаип Зенељи и директорот на Федералниот завод за пензиско и инвалидско осигурување на Федерацијата БиХ, Зијад Крњиќ денеска во Мостар потпишаа Договор за електронска размена на податоците од областа на пензиското и инвалидско осигурување, како и Технички протокол за електронска размена на податоците.

Целта на состанокот, како што соопштија од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, е унапредување на меѓусебната соработка и размената на податоците меѓу носителите на осигурувањето, заради подобрување и забрзување на процесите за остварување на правата од областа на пензиското и инвалидско осигурување.

На состанокот е искажано задоволство поради одржаниот состанок, како и за досегашната добра соработка на носителите на осигурувањето, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави