Search

Фестивалот на балони го ишара небото над Кападокија

Десетици балони го разиграа небото над Кападокија, атрактивна дестинација за туристи позната по своите т.е. самовилски оџаци, за време на меѓународниот фестивал.

На меѓународниот фестивал на балони во Кападокија може да се видат десетици шарени балони, а истиот трае од 3-7 јули.

Преку 10 земји, меѓу кои САД, Шпанија, Британија, Бразил и Мексико, се пријавија за настанот организиран во Невшехир.

Петдневниот фестивал е вистинска атракција и е посетен од домашни како и странски туристи.

Гувернерот на Невшехир Илхами Акташ посочи колку е важен фестивалот за промоција на овој регион.

„Долгоочекуваниот фестивал започна во средата. Наредните денови на небото ќе можеме да видиме различни фигури. Ќе можеме да видиме многу подобри учесници отколку на останатите вакви фестивали низ светот“, рече Акташ.

Кападокија е позната по својот уникатен изглед, поточно по ‘самовилските оџаци’, наастанати со ерозија на вулканска пепел, долини, подземни градови и куќи исклесани во карпи, како и цркви, капели и засолништа користени од првите христијани за време на владеењето на Римската империја.

Регионот Невшехир и Кападокија се на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

Треба да знаете
Последни објави