Моторџија се бори за живот по сообраќајка на „Мајка Тереза“

На 03.07.2019 година во 07.30 часот на  крстосницата од булеварот „Мајка Тереза“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Тумопар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Ц.(37) од Скопје и патничко возило „Мицубиши лансер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(38) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил Т.Ц., по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави