Search

Латас не е виновен, никој не го пријавил за дивоградба

Новинарот Драган Павловиќ Латас остана без коментар на пресудата на Кривичниот суд, со која тој и неговите двајца браќа беа ослободени од обвинение за бесправно градење на викендички во Зелениково, познат како случај „Тревник“ на СЈО.

-Ова е политички, а не кpивичен предмет. Преcуда за вербален дeликт, за мојата работа, а потоа само се барал основ од друго дeлo. Уште со прес конфенренцијата кога се изнесени имиња и детали од истpaгата сторено е прершување на законот, а две години за овој предмет повеќе се зборува на улица и по портали, отколку во судница. Се објавуват само ставови на СЈО а никогаш ставови на одбpaната, и тоа е создавање атмосфера на прогон и винa пред да се преcуди од страна на судот, изјави Латас на завршните зборови.

Затечена од пресудата беше и специјалната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која најави жалба на пресудата.

-Стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепено со доволно докази. Се надевам дека писмено изработената пресуда ќе даде и дополнителни причини од кои се раководел судот, кој мислам дека констатира оти во одреден период се градело без одобрение. Тоа што не реагирале соодветните институции не е основ за исклучување на кривичната одговорност на обвинетите кои беа во овој процес, рече обвинителката.

А како суштествено за ваквата одлука, пак, судијката Марија Клетничка Марковска го наведе тоа дека во 2011 и 2012 година додека се граделе викендичките во Зелениково, ниту граѓани пријавиле, ниту инспектори констаритале дека куќите се дивоградби.

Според неа, делото за кое СЈО ги товареше не е кривично дело според закон, бидејќи праксата во ваквите случаи налага дека ако во текот на постапката дивоградбата се легализира, обвинението паѓа, а викендичките се веќе заведени и во Катастарот за недвижности. Вината и пропустите таа ги лоцираше во надлежните институции кои не постапиле навремено и совесно.

-Градежните инспектори по службена должност можеле да ја спречат изградбата, а ако проценат дека не е испочитуван Законот за градење можеле да изречат и прекршочни глоби или да поднесат кривична пријава за бесправно градење. Сторител е тој што во моментот врши градба без одобрение на градба или спротивно на одобрението за градба. Надзорот го врши органот за надзор. Во конкретниот случај нема пријава за бесправно градење ни од граѓанин, ни од државен орган. Нема ни решение за уривање. Во 2013 година тие извадиле градежни дозволи за веќе изградените куќи и никој не побарал поништување на тие одобренија. Никој во државата не преземал било какви мерки додека се граделе предметните објекти, а во смисла на тоа дека се констатирани дивоградби, ниту пак било донесено решение за отстранување на градбата, рече Марковска.

Судијката образложуваше прописи на кои ја базира одлуката а посочи и дека не можела да го занемари законот за легализација со кој се покажува односот на државата кон дивоградбите. Во ситуација кога веќе постојат одобренија за градба, платени комуналии, а објектите биле внесени во катастар, посочи и дека се водела од правото на сопственост како уставно загарантирано право.

(И.Ш.)

Фото: С.Ѓ.

 

Треба да знаете
Последни објави