Search

За неколку дена во Словенија приведени речиси 100 илегални мигранти

Словенечката полиција привела 97 илегални мигранти кои претходните денови се обиделе да ја преминат границата во различни делови на земјата.

Како што јавуваат словенечките медиуми, копарската полиција имала најмногу работа и во периодот од средата до четвртокот во утринските часови привела 73 илегални мигранти, меѓу кои 62 државјани на Пакистан. Останатите мигранти биле од Бангладеш, Иран, Индија, Мароко, Сирија и Тунис.

„Приморске Новице” објави дека жителите на селото Хрушица, во југозападниот дел на земјата, во вторникот забележале голема група од најмалку 100 илегални мигранти.

При потерата по мигрантите, едно полициско возило удрило во дрво и се превртело при што полесно биле повредени четворица полицајци.

Треба да знаете
Последни објави