Search

Германец со џип излета на патот Неготино-Демир Капија, тешко повредено 7-годишно дете

На автопатот Неготино – Демир Капија во раните утрински часови на 4 јули, теренец марка „тојота РАВ 4“ излетал од патот.

Како што информираат од МВР, возилото со австриски национални ознаки било управувано од 34-годишник од Германија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило седумгодишно дете, сопатник во возилото, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и ги расветлува причините за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави