Search

Антикорупциска отвора постапка за Рашковски за случајот „Леонардо“

Антикорупциска комисија денеска отворила предмет за набавката на радарската опрема во М-нав,  за да ја испита неговата инволвираност во тендерот на италијанската фирма Леонардо, потврди претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Случајот се отвора по допрен глас откако веќе во јавноста излезе аудио снимка во која Рашковски наводно договара реализација на овој тендер. Антикорупционерите ќе треба да испитаат дали Рашковски навистина имал задолжение од владата да разговара за тендерот и дали законски тој преговарал со претставниците на италијанската компанија како и за обвинувањата од опозицијата дека тој добивал мито .

Генералниот секретар на владата веќе изјави дека не чувствува одговорност и дека нема да поднесе оставка затоа што ги исполнувал задолженијата дадени од владата да го убрза процесот за купување на нов радарски систем.

Рашковски и премиерот Заев тврдат дека во случајот не е барано никакво мито и дека фирмата Леонардо е избрана уште во 2016-та од во тоа време претседателот на УО на М-НАВ Живко Попоски, татко на тогашниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Треба да знаете
Последни објави