Search

(Фото и видео) И бидна Парада на гордоста и во Скопје

И Скопје денеска влезе во светската мапа на градови и држави во кои, некаде со години, некаде како и во Македонија по прв пат, се одржуваат Паради на гордоста во знак на бробата за правата на лицата од ЛГБТИ-заедницата.

Денешната парада беше организирана од Националната мрежа за броба против хомофобијата и трансфобијата, а подршка за учесниците дадоа владини министри и претставници на дипломатскиот кор.

Учесниците се регистрираа во „Жена-паркот“ во Скопје, а потоа одржаа марш од Собрание до Школка во Градскиот парк, каде започна музичката програма и обраќање на локални и регионални активисти и претставници на институции.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави