Search

Успешно заврши пробниот попис во Штип

Успешно заврши пробниот попис во четирите пописни кругови во Општина Штип.

Тони Јованов од Државниот завод за статистика, кој беше надлежен за пописните кругови во селото Чардаклија и приградската населба Три Чешми, вели дека попишувачите немале проблеми на терен и населението без проблеми го прифатиле пробниот попис.

– Како попишувачи немавме проблеми, населението беше гостопримливо, а целта со пробниот попис ни беше да го тестираме новиот систем. Имавме двајца инструктури и четири попишувачи, кои пописот го реализираа на лице место, вели Јованов.

Тој забележува дека подетални информации околу попишаното население не можат да дадат, бидејќи ова е пробен попис, што треба да утврди како функционира новиот систем, со цел доколку има недостатоци да се корегира до наредната година, кога и официјално на терен ќе се спроведе пописот на населението на територија на Република Северна Македонија. 

Треба да знаете
Последни објави