Search

Кипарскиот претседател пренесен во болница со фрактура на бедрото

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис утрово имал незгода, ја скршил бутната коска и ќе биде опериран.

Според информативниот портал Сигма од Кипар, со фрактурата се здобил по пад по скали и бил пренесен во приватна болница.

За незгодата на Анастасиадис, со пишана изјава излезе портпаролот на кипарската влада.

-Претседателот на државата, господинот Никос Анастасиадис денеска имаше незгода во Лимасол, претрпе фрактура на десното бедро и денеска ќе биде опериран. Неговата здравствена состојба не е во опасност, вели во писмената изјава кипарскиот владин портпарол Продромос Продрому.

Според Сигма, Анастасиадис нема да присуствува на утрешниот вонреден Самит на ЕУ, а Кипар ќе го претставува грчкиот претседател Алексис Ципрас. 

Треба да знаете
Последни објави