Search

Акција за заштита на шумите од пожари во летниот период

Општинскиот противпожарен сојуз од Гевгелија денеска на граѓани им делеше флаери со информации за превентивните мерки што треба да се применуваат за време на престојот во шума.

Членови на Противпожарниот сојуз претпладнево од 9 до 12 часот, во придружба на претставници од шумското стопанство „Кожуф”, шумската полиција и од полициската станица во Гевгелија ги делеа флаерите во близина на селото Ново Конско, односно на возачи кои се движеа по регионалниот пат од Гевгелија кон Смрдлива вода.

– Посебно предупредуваме да не се пали оган на отворен простор, да не се пали непотребна вегетација во близина на шумите, да се отстранува вегетацијата покрај јавните патишта и да не им се дозволува на децата да си играат со запалки, велат од Општинскиот противпожарен сојуз.

Денешната акција се реализира и со поддршка од општина Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави