Search

Емирот на Кувајт ќе отпатува за Ирак

Кувајтскиот владетел ќе го посети Ирак во средата, објави државната новинска агенција КУНА, велејќи дека патувањето доаѓа во услови на невидени регионални тензии по нападите врз двата танкери во Оманскиот залив.

За време на посетата, шеик Сабах ал-Ахмад ал Сабах ќе разговара за билатералните односи во „услови на невидени тензии и случувања во регионот“, се вели во соопштението на агенцијата, осврнувајќи се на нападите во близина на стратешкиот теснец Хармуз, за кои Вашингтон тврди дека биле извршени од Техеран.

Иран негираше било каква вмешаност во нападите.

Треба да знаете
Последни објави