Search

Лукаку се договорил со Интер

Ромелу Лукаку сега веќе ги договорил личните услови за можен трансфер во Интер, пишува „Газета дело Спорт”.

Истиот извор додава дека Лукаку набргу ќе може да се приклучи во италијанскиот клуб на Антонио Конте, за кого белгискиот репрезентативец смета дека е најдобар тренер во свет.

Трансферот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед во Серија А, односно на Џузепе меаца, како што пишуваат италијанските медиуми уште повеќе ќе го оддалечи Мауро Икард од Интер, откако ѕвездата на клубот од Милан ги залади односите со управата.

Инаку, белгискиот репрезентативец стана дел од Јунајтед последните две сезони каде што пристигна од Евертон по барање на Жозе Мурињо. 

Треба да знаете
Последни објави