Search

Во Грција уништена огромна плантажа со канабис во сопственост на Албанец

Грчките власти откриле и уништиле плантажа со канабис и уапсиле шест члена на грчко-албанска криминална група, а за еден албански државјанин, сопственик на плантажата, е распишана потерница, објавија грчките медиуми.

Како што пренесува „Танјуг“, полицијата уништила повеќе од 12.000 корени канабис, чија вредност на пазарот надминува шест милиони евра.

Плантажата била откриена на местото наречено Стефани, 50-ина километри од Атина.

При уништување на плантажата запленет е и еден „калашников“ со 26 куршуми, еден пиштол, пет пушки, 5.310 евра, 10 мобилни телефони, три двогледи и комплетна опрема за одгледување канабис.

Според полициски процени, плантажата работела неколку години. Само инвестициите во нејзината инфраструктура се проценуваат на еден милион евра.

Откривањето на оваа плантажа ги навде германските медиуми да заклучат дека Албанија и Грција се најголеми производители на канабис во Европа, пишува ABC News.

Треба да знаете
Последни објави