Search

5 причини заради кои ќе уживате во чашата со вино и ќе го подобрите вашето здравје

Многумина советуваат дека одвреме-навреме треба да се напиеме чаша вино за да го подобриме нашето здравје. Пиењето на една до две чаши вино не само што носи многу забава туку добро е и за вашето здравје.

Ова се 5 причини поради кои уште вечерва треба да отворите шише со вино и да уживате.

Го намалува ризикот од срцеви болести

Со истражувањето кое траело 12 години, а учествувале 38.000 мажи на возраст од 40 до 75 години, се докажало дека умерено консумирање алкохол, како на пример вино, го намалува ризикот од болести на срцето и до 35 отсто.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Друго долгогодишно истражување спроведено на 85.000 учесници на возраст од 35 до 59 години, покажало дека консумирање околу 18 милилитри вино, неколку пати неделно може да го намали ризикот од мозочен удар до 70 отсто.

Го намалува ризикот од развивање на дијабетес од тип 2

Со истражувањето кое траело 10 години, а во кое биле вклучени повеќе од 35.000 здрави, воздрасни луѓе, се докажало дека луѓето кои уживаат во умерена консумација алкохол имаат 40 отсто помал ризик од развој на дијабетес од тип 2, за разлика од оние кои се воздржуваат од пиење алкохол.

Одржување на когнитивните способности

Универзитетот во Колумбија правел истражување во 2006-та година кое покажало дека луѓето кои пијат 1-2 чаши вино неделно се во состојба да ги одржат когнитивните способности во подолг временски период отколку оние кои никогаш не консумирале алкохол. Од ова истражување може да се заклучи дека алкохолот може да го намали ризикот од деменција, тврдат научниците.

Го продолжува животот

Истражувањето спроведено во 2009-та година во Холандија, докажало дека умереното консумирање вино (или алкохол воопшто) е тесно поврзано со намален ризик од смрт или срцев удар. Во просек, луѓето кои редовно консумираат умерена количина алкохол, живеат 5 години подолго од оние кои се воздржуваат или пак премногу пијат.

Треба да знаете
Последни објави