Search

Мајли Сајрус никој не смее да ја допира без нејзина согласност

Минатиот викенд пејачката Мајли Сајрус (26) доживеа непријатна ситуација кога напуштајќи го хотелот во Барселона, еден нејзин обожавател ја фати за косата и сакаше да ја бакне.

Мајли дури сега се јави на социјалните мрежи по повод инцидентот.

Таа може да носи што сака. Може да биде девица. Може да спие со пет луѓе. Таа може да биде со нејзиниот сопруг. Таа може да биде со девојка. Може да биде гола. Но, таа не може да се допира без нејзина согласност“, напиша Мајли на „Инстаграм“.

Иако имаше обожаватели што ја бранеа, имаше и такви што рекоа дека Мајли заслужува таков третман поради провокативните фотографии што ги објавува.

Треба да знаете
Последни објави