Search

По четири години, време е за крај: Ирина Шајк и Бредли Купер раскинаа

Веќе подолго време се говори за проблеми во врската на манекенката Ирина Шајк и глумецот Бредли Купер, а извори блиски ним откриваат дека сега двојката „се обидува да сфати зошто воопшто се сè уште заедно“.

 

Блиски пријатели на двајцата откриваат дека Купер (44) и Шајк (33) решиле да ја раскинат четиригодишната врска поради разидување во личните интереси. Тие беа заедно од 2015 година, но ретко го покажуваа приватниот живот во јавноста.

Шајк, според изворот, веќе се иселила од домот, во кој покрај нив, живее и нивната двегодишна ќерка Леа де Сејн Шајк Купер.

Гласините за проблемите во врската меѓу манекенката и актерот се појавија по филмот „A Star is Born“ и наводниот близок однос меѓу Купер и неговата колешка од сцената – Лејди Гага. Приказната особено ја зачини нивниот емотивен заеднички настап на доделувањето на Оскарите коешто Ирина го гледаше во публика.

На годинешната Мет гала пак, Ирина Шајк на црвениот тепих се појави сама.

Треба да знаете
Последни објави