Search

Мадона за текстот во „Њујорк тајмс“: Се чувствував како да сум силувана

Поп пејачката Мадона рече дека се чувствува како да е силувана откако го прочитала специјалниот текст за неа објавен во „Њујорк тајмс“ и додаде дека секогаш ќе се бори против патријархалното општество.

„Ако кажам дека сум разочарана од текстот, тоа ќе биде еуфемизам“, напиша пејачката на „Инстаграм“.

„Ако кажам дека сум разочарана од текстот, тоа ќе биде еуфемизам“, напиша пејачката на „Инстаграм“.

Весникот објави портрет под наслов „Мадона на 60 години“ кој ги опфаќа сите периоди од животот на пејачката.

„Новинарката која го напиша текстот помина часови, денови и месеци со мене и беше повикана во свет кој малку луѓе имаат прилика да го видат. Но таа избра да се фокусира на тривијални и површни работи како што е етничкото потекло на моите двојнички, материјалот од кој се направени моите завеси и на бескрајни коментари за моите години кои никогаш не би биле споменати ако бев маж“, напиша Мадона.

Таа вели дека има право да каже дека се чувствувала како силувана затоа што знае како е тоа затоа што го доживела кога имала 19 години, кога се доселила во Њујорк.

Таа смета дека текстот е уште еден доказ дека „Њујорк тајмс“ е еден од основачите на патријархатот.

„Никогаш нема да престанам да се борам да го искоренам патријархатот. Изгледа дека не можеме да го поправиме општеството и неговата бескрајна потреба да го оцрни и понижи тоа што е позитивно, посебно силните и независни жени“, напиша Мадона која лани наполни 60 години.

https://www.instagram.com/p/ByXoF3NBl8j/

Треба да знаете
Последни објави