Search

Полицијата во Австралија упадна во државната телевизија поради вестите за Авганистан

Австралиската полиција ги претресе канцелариите на Националната телевизија поради објавените вести од 2017 година во кои се обвинуваат австралиските специјални сили за убиства во Авганистан.

Во налогот за претрес се спомнуваат имињата на двајца истражувачки новинари кои работат на приказни познати како „Податоци од Авганистан“ за австралиската радиодифузна корпорација (ABC), објави „Еј-би-си“.

Извршниот директор на „Еј-би-си“, Дејвид Андерсон, рече дека претресот е „сериозен потег и оправдана загриженост за слободата на медиумите”, како и за јавниот интерес во врска со националните безбедносни и одбранбени прашања.

Австралиската федерална полиција (АФП) вели дека претресот е спроведен поради „наводно објавување на тајни материјали” и негира дека има врски со слична акција еден ден претходно.

Федералната полиција го претресла домот во Канбера на новинарката на австралискиот весник „News Corp“, Аника Сметхурст која пишува за владините планови за зголемување на моќта на шпионските агенции.

Австралиската асоцијација на новинари соопшти дека судењето е „претеран напад врз слободата на говорот со цел да се казнат новинарите за објавување легитимни вести што очигледно се од јавен интерес”.

Треба да знаете
Последни објави