Search

Милошоски не може да преговара за СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува дека Законот за јавно обвинителство со кој се решава судбината на СЈО, ќе се донесе наскоро односно не очекува големи проблеми.

Таа го коментираше и тоа што еден од преговарачите во тимот на ВМРО-ДПМНЕ е Антонио Милошоски, кој е еден од осомничените, посочувајќи дека не може да преговара такво лице и да дава квалификации и за СЈО и за неа како личност.

– Многу се занесува во своите изјави – рече Јанева.

Таа рече дека СЈО во овој период додека траат преговорите нема да поднесува обвинение затоа што се уште на сила е и можноста Врховниот суд да ги стопира.

Треба да знаете
Последни објави