Клоп им ја укина забраната на фудбалерите од 2016-та година

После освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, Јирген Клоп одлучил да ја укине забраната до фудбалерите која им ја вовел во 2016-та година.

Клоп на фудбалерите на Ливерпул им забранил да го допираат знакот “This is Anfield” кој се наоѓа на излезот од тунелот кон теренот на стадионот на „Редси“ и им порачал дека тоа ќе може да го прават дури кога ќе освојат некоја голема титула.

„Тоа е знак на респект. Јас го допрев како тренер на Борусија Дортмунд и загубивме со 4:0. Тој знак ќе го допираме кога ќе освоиме нешто, затоа што ова е навистина голем клуб“, порача Клоп.

Единствениот фудбалер кој имал право да го допре знакот бил Хендерсон кој во 2012-та година го освои Лига Купот, а откако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, сега тоа можат да го прават сите фудбалери.

Треба да знаете
Последни објави