Search

(Видео) Катастрофални последици од невремето во Србија, мртви животни по улиците

Централна и Западна Србија поминаа уште еден ден во борба против поплавите и отстранување на нивните последици. Особено критична е ситуацијата во Сирча, каде што има починати животни на улиците.

Во општината Лучани, водата се повлекла, а наредните денови ќе бидат утврдени штетите кои особено го погодија Драгачево, каде што се случи лизгање на земјиштето. На помош на загрозените граѓани се вклучи и Армијата на Србија, на покана на Штабот за вонредни состојби и општините.

https://twitter.com/i/status/1135887005009813505

Голема е штетата и во Кралево каде што  беа поплавени повеќе од 400 куќи и згради, оштетени или целосно уништени 16 моста, сообраќајот на 20 патишта беше прекинат. Особено катастрофална е ситуацијата во Сирча, каде што има умрени животни на улиците. Исто така, недостасуваат основни прехранбени продукти, јавува репортерот на ТВ Прва.

каде што има умрени животни на улиците. Исто така, недостасуваат основни прехранбени продукти, јавува репортерот на ТВ Прва.

View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Дожд и поплави ја заматија реката Рашка така што постројката за филтрирање на „Водовод и канализација” работи со само половина од капацитет за преработка на сурова вода, поради што жителите на повисоките делови на Нови Пазар вчера без вода.

Треба да знаете
Последни објави