Search

Билиќ кандидат за тренер на Вест Бром

Хрватскиот тренер Славен Билиќ е потенцијален кандидат за тренер на Вест Бромвич Албион.

Билиќ, според британските медиуми, во вторник одржал средба со управата на англискиот клуб, на која оставил толку добар впечаток што Хрватот сега има поголеми шанси за тренерската клупа, во споредба со Крис Хјутон, Крис Вахлдер и Бруно Лабадија.

Истите извори наведуваат дека двете страни останале да се договорат за платата на Славен, бидејќи хрватскиот стручњак побарал повеќе отколку што управата на Вест Бром планирала да плати.

Инаку, Албион е без тренер од март годинаве, кога беше отпуштен Дарен Мур, а привремено на клупата седна Џејмс Шен.

Треба да знаете
Последни објави