Search

Армијата во Судан ги прекина мировните протести, убиени се 60 луѓе

Бројот на мртвите во насилниот обид да се прекинат мировните протести во Судан се зголеми на 60, рекоа денес тамошните лекари.

Суданските безбедносни сили во понеделникот отворија оган во кампот на демонстрантите во Картум и пукаа во масата луѓе што седеа пред воената команда.

Повеќе од 300 луѓе беа повредени, велат лекарите, иако точниот број на повредени не може да се знае бидејќи Транзицискиот воен совет (TMC) го изгасна интернетот во многу делови на Судан.

Главната група на демонстранти го обвини владејачкиот воен совет дека се обидува да го разбие кампот, нарекувајќи ја акцијата „масакр”. Воениот совет соопшти дека целта им биле „непослушните” групи во соседната област.

Ова е најнасилниот настан досега откако суданскиот претседател Омар ал-Башир беше соборен во април.

Треба да знаете
Последни објави