Search

Пијани полицајци убиле петгодишно дете во Украина

Двајца украински полицајци се уапсени денеска поради сомневање за убиство на петгодишно дете додека пијани пукаке во конзерви и шишиња во двор на станбена зграда во Перејаслав-Хмељницски, изјавија официјални лица.

Малиот Кирил Тлиав минатата недела беше однесен во болница со повреда на главата, но  почина доцна во понеделникот. Неговата смрт ги поттикна граѓаните да протестираат пред  Министерството за внатрешни работи со транспаренти “полицијата ги убива луѓето”. Неколку стотици демонстранти побараа и оставка од министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков. Тој не даде коментар за случајот.

Шефот на провинциската полиција во регионот на Киев, каде што се случи инцидентот, 80 км од главниот град, поднесе оставка и побара премстување во регионот Донбас, каде што Украина се бори со проруските сепаратисти.

Доцна вечерва неколку стотици демонстранти го опкружуваат влезот на полициската станица  Перејаслав-Хмељницски со запалени факели и бараат оставка на целото регионално полициско раководство.

Сличен собир, исто така, се одржа во центарот на Киев, каде што неколку стотици демонстранти побараа да го напушти министерот за внатрешни работи, Арсен Авваков. Тој не даде коментар за случајот.

Украинската полиција веќе беше цел на масовни протести, вклучувајќи ги и оние во 2012 година кога полицијата беше обвинета дека помогнала да се скрие силување и убиство на 18-годишно девојче, бидејќи родителите на напаѓачот имале политички врски.

 

Треба да знаете
Последни објави