Aкадемска дебата : Дали ЕУ изборите ќе влијаат на стартот на преговорите со Република Северна Македонија?

Македонското политолошко друштво и Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ денес во универзитетскот кампус се организатори на академската дебата на тема „Влијанието на ЕУ изборите врз процесот на интеграции на Западен Балкан со посебен осврт на Република Северна Македонија„.Имајќи ги во предвид резултатите од ЕУ изборите, академска дискусија ќе треба да одговори дали ќе има влијание новиот состав во Европскиот Парламент врз процесот на зачленување на Република Северна Македонија и регионот во ЕУ, како и најавениот почеток на преговорите со нашата држава.

Воведничар на дискусија е Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, а свои излагања ќе имаат: проф. д-р Никола Јанкуловски Ректор на универзитетот, доц. д-р Марјан Ѓуровски претседател на македонското политолошко друштво, проф. д-р Иван Дамјановски од Правен факултет-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски од Факултет за безбедност-Скопје, проф. д-р Горан Илиќ од Правен факултет-Кичево, проф. д-р Ило Трајковски од Филозофскиот факултет, проф. д-р Ирена Кикеркова од Економски факултет-Скопје, м-р Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања при Владата на РСМ, проф. д-р Ветон Љатифи од Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Даниела Мамучевска од Економски факултет-Скопје и проф. д-р Ризван Сулејмани од Универзитетот „Мајка Тереза„-Скопје.

Пред оддржување на дебатата од страна на Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски и Претседателот на Македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски ќе биде потпишан Меморандум за унапредување на заедничката соработка во функција на развивање на активности. Се воспоставува стручна, едукативна, научна и истражувачка соработка меѓу УКИМ и МПД во функција на потикнување на едукативна и научно-истражувачка работа во научните, стручните и наставните области од обостран заемен интерес и теми кои произлегуваат од современите политолошки прашања и други предизвици. Целта е да се развијат поефективни, емпириски, теренски базирани стратегии и истражувачки проекти и др.

Треба да знаете
Последни објави