Search

Џинoвски пенис искосен во тревник во близина на аеродромот во Англија на кој слета Трамп

Дури и пред американскиот претседател Доналд Трамп да успее да стапне на британска територија, некои локални жители се обидоа да му го уништат денот со безобразна порака за климатските промени, пренесува „Спутник“.

Британската премиерка Тереза Меј, пак, се очекува да предизвика негирање на климатските промени од страна на Трамп за време на неговата тридневна државна посета на Велика Британија.

Оли Нанчароу, 18-годишен студент по уметност, го поминал викендот косејќи поздрав „Здраво, Трамп“ покрај гигантскиот пенис во полето за тој да го види додека слетува на аеродромот „Станстед“. На блиското поле Оли исто така ја оставил пораката „Климатските промени се реални“ под цртеж на поларна мечка.

Студентот го води „Борн-еко“, онлајн-пазар за продажба на еколошки мебел и додатоци.

„Доналд Трамп и неговото негирање на климатските промени не се добредојдени и сакам тој да биде целосно свесен за тоа кога ќе слета на ‘Станстед’“, изјави тој за еден локален весник.

Треба да знаете
Последни објави