Search

Малдини и Џампаоло ќе го предводат Милан

Легендата Паоло Малдини е новиот технички директор на Милан, а на клупата на „росонерите” ќе седне досегашниот тренер на Сампдорија, Марко Џампаоло.

Како што пишува „Газета дело спорт”, Малдини ќе го замени Леонардо кој оваа функција ја вршеше од 2018 година.

Во врска со новиот потег на италијанскиот клуб во однос на Паоло, легендарниот италијански тренер Ариго Саки изјави дека „Малдини е вистинскиот човек за оваа позиција и дека навивачите го сакаат”.

Марко Џампаоло, пак, минатата сезона со клубот од Џенива заврши на деветото место со 53 поени, а на клупата на Милан ќе го заменик Џенаро Гатузо кој поднесе оставка на крајот на сезоната, поради лоши резултати.

Треба да знаете
Последни објави