Search

Леонардо ди Каприо не сака девојки постари од 25 години

Еден корисник на „Редит“ направи графикон кој емпириски докажува дека актерот Леонардо ди Каприо (44) не само што не сака да се ожени туку категорично одбива да биде во врска со жена постара од 25 години.

Исто така, речиси и не постои жена со која не се забавувал, а да не била модел, по можност русокоса.

Ди Каприо е човек што има свој тип на жена. И таа, судејќи по сè, не смее да има ниту брчка од смеење.

Лео е познат по дружењето со интелектуалци во слободно време, спасување на животната средина и лобирање за политички цели, а на премиерите и натаму ја води својата мајка Ирмелин Инденбиркен (76).

За неа вели дека е најголемото чудо од жена. А за концептот на бракот или децата не сака ни да размислува.

Графиконот покажува дека тој беше во врска со познатата моделка Жизел Бундшен (38) од нејзината 18. до 23. година. Денес, таа е сопруга на спортистот Том Брејди (41). Ди Каприо имаше 25 години кога беа во врска.

Сега тој е со аргентинскиот модел и актерка Камила Мороне (21), која ја запознал кога имала 20 години и заедно се две години.

Таа е исто така првата бринета со која е во врска. Судејќи според сè, пред себе имаат уште максимум четири години среќа.

Треба да знаете
Последни објави