Search

До среда променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска променливо облачно со врнежи од дожд претежно во западните делови. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, повремено засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде од 16 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со краткотраен дожд и грмежи. Температури од 21 степен.

До среда ќе се задржи променлвио облачно и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе има значителен пораст на температурата.

Треба да знаете
Последни објави