Првиот соларен едреник на Рамбо Амадеус заплови по Бока Которска

Едрилицата на соларен погон „Бока” на рок-музичар Антонијо Пусиќ, попознат како Рамбо Амадеус, првпат заплови во саботата за време на регатата „Herceg Novi sailing tour”.

Проектот за изградба на едрилицата траеше три години, Рамбо со поддршка на Проектот на УНДП „Развој на нискокарбонскиот туризам” го обнови бродот стар еден век и го претвори во соларен едреник, според сајтот Бока њуз.

Едрилицата на соларен погон ја движи исклучиво енергијата на сонцето – палубата има соларни панели, батериите се полнат на сонце цел ден, а моторот се користи само за испловување и закотвување – и тоа понекогаш.

Брзината на движење на бродот со помош на батерии е четири часа со полна брзина од 5 јазли.

Треба да знаете
Последни објави